(ФОТО) Синот на премиерот слави роденден и именден

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи упати честитка до својот син по повод неговиот роденден и именден на празникот Свети Антониј Велики. Во објавата, Мицкоски изрази жалење што поради државните обврски често отсуствува од семејните прослави.

 

 

Среќен именден и роденден синко! Напомош нека е денешниот празник Св. Антониј Велики.

„Жалам што не бев присутен кај бато, на Св. Јован и што понекогаш кога ви требам не сум тука, но честа да се бориме како семејство за Македонија нема димензија.

Да бидете со бато секогаш сложни, здрави и среќни и тогаш знам дека сами ќе постигнете многу за семејството и за Македонија.

Бог да ја благослови Македонија!“, напиша премиерот.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK