СЕ ЈАВИ АНТИМАКЕДОНЕЦОТ ЏАМБАСКИ – Му смета изјавата на Вучиќ дека се борел за Македонија

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, познат по провокативните антимакедонски изјави повторно се јави на Фејсбук.

Овојпат европратеникот го критикуваше српскиот претседател Александар Вучиќ кој претходно изјави дека се бори Македонија да влезе во Европската Унија. Вучиќ ја даде изјавата во контекст на неговите средби со челници во Брисел и идејата дека целиот Западен Балкан треба заедно да влезе во Унијата.

– За тоа се борев. Не само за Србија, туку и за Босна и Херцеговина и за Северна Македонија – рече Вучиќ во програмата на Федералната радиотелевизија на Босна и Херцеговина.

A еве со какви зборови Џамбаски го коментира Вучиќ:

„Дрскиот шумадиец ‘со капа шајкача’ се бори Србија, РСМ и Босна и Херцеговина никогаш да не станат дел од ЕУ. По нарачка на штуката“.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK