Построги казни и засилени контроли, а и клуч на врата за маркетите кои го изигруваат законот за нефер трговски практики

Годишната инфлација за минатата 2025 година ќе биде околу 4 отсто, имаме засилени контроли на Државниот пазарен инспекторт и на Комисијата за заштита на конкуренцијата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање што ќе преземе Владата ако продолжи растот на цените.

– Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат Законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата – рече премиерот Мицкоски.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK