(ВИДЕО) Успешна спасувачка акција на МВР: Вработени на А1 заглавиле во снег кај Лазарополе, полициски специјалци ги спасиле
Доцна синоќа околу 23,30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека двајца вработени во мобилниот оператор А1, кои се наоѓале над село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, биле заглавени во снег. Со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа.
Веднаш по пријавата, случајот бил проследен до полицискиот пункт во Ростуше, по што биле ангажирани припадници на Оддел за специјални полициски операции и Одделот за униформирана полиција, како и припадници на Дирекцијата за заштита и спасување. Со две теренски возила, опремени со санки за снег и соодветна спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот, изавестуваат од Министерството за внатрешни работи.
Денеска во 8,30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор двајца вработени од Скопје кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“.
Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе.
Comments are closed.