Нема веќе „сакам ова“ – по потреба ќе се вработува и специјализира во здравството

Министерството за здравство го изработи регистарот на здравствени работници, ги стави на интернет и тоа ќе биде задолжителна алатка за вработување, односно ни министерот нема да може да одлучува дали ќе даде позитивно мислење за некој профил, доколку за тоа има барање.

Имено, како што појасни министерот за здравство Азир Алиу, некаде има пет лекари од некоја област, а нема потреба од нив, туку требаат три, двајца од нив ќе одат во друга институција каде за нив има потреба.  Сепак, нагласува министерот, не можат никого да префрлат законски водруга институција, ако тој има договор, но ќе се обидат префрлањата да ги направат со одредена стимулација.

– Сега, за секоја општина за секој профил на здравствени работници имаме бројка. И понатаму има недостаток на лекари и медицински сестри. Во последните десет години просекот минимално се зголеми – покажа регистарот, вели министерот.

На пример, медицински сестри од 356 на 100.000 жители, пред 10 години се зголемиле на 440 на 100.000 жители, во 2020 година, што е едвај половина од ЕУ стандардите.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK