ВИДЕО: Тело на студентка од Косово најдено меѓу згради во Тетово

Во Тетово вчеравечер меѓу зградите спроти Центарот за социјални работи било пронајдено безживотно тело на млада девојка, известуваат локалните медиуми.

Според првичните неофицијални информации, станува збор за девојка од Косово, која студирала во Тетово.

Полицијата веднаш излегла на лице место и започнала увид, а таму присуствува и јавен обвинител кој ја води истрагата. Засега нема официјални информации за тоа како настанала трагедијата, ниту дали станува збор за несреќен случај или нешто многу посериозно.

Соседите кои живеат во околните згради изјавиле дека вечерта слушнале вознемирувачки звуци, но никој не можел да претпостави што навистина се случува. Првичните информации укажуваат на можност за самоубиство со пад од зграда. Според информациите на соседите неколку пати се обидувала да си го одземе животот на различни начини. Местото е целосно обезбедено, а истражните органи собираат докази кои би можеле да ја откријат вистината зад смртта на младата девојка.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK