ЧЕТВОРИЦА МРТВИ ВО КАТАСТРОФАЛНАТА ПОПЛАВА ВО БУГАРИЈА Сиљановска Давкова му понуди помош на Радев

Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од катастрофалните поплави во Бугарија, соопшти бугарскиот претседател Румен Радев по телефонскиот разговор со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

„Ѝ се заблагодарувам на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за конструктивниот разговор и за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за понудената подготвеност на Македонија да помогне во надминување на последиците од катастрофата“, објави Радев.

Разговорот се одржа во момент кога Бугарија неколку дена се соочува со интензивни врнежи и со сериозни поплави, кои зафатија повеќе региони. Дел од населението остана без електрична енергија, а пристапот до најпогодените подрачја е и понатаму ограничен.

Според последните информации од бугарските медиуми, поплавите однесоа 4 човечки животи.

Најмногу е погодена западна Бугарија и крајбрежјето, особено околината на Бургас.

На социјалните мрежи се споделуваат стравични видеа од огромни количини вода што носи сè пред себе – куќи, камиони, автомобили, дрвја…

Поплавите настанаа од поројни дождови во неверојатни количини – според мерењата наврнале над 250 литри дожд на квадратен метар.

 

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK