Помошник министер во МВР од времето на Оливер Спапсовски самиот си се наградувал со плус пари на плата
Одделот за внатрешна контрола во МВР поднел кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје против помошник министер во Министерството за внатрешни работи, во периодот додека прв човек на полицијата беше Оливер Спасовски.
Според информацијата на полицијата, Љ.Р. се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување.
Пријавениот, како помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, ја искористил својата службена положба и овластување, односно ги пречекорил границите на своето службено овластување на начин што за месеците јуни, јули, август, септември, ноември и декември 2023 година, врз основа на списоци за евиденција на прекувремени работни часови и листа на работници од Одделот за дисциплински и судски постапки кои ги исполнуваат услови за исплата на бонус плата за 2023 година која лично ја одобрил, а на која фигурирал под реден број, во отсуство на писмени наредби за реализирани часови работа со кои бил задолжен да извршува работи и задачи повеќе од полното работно време, се стекнал со парични средства на име работа подолга од полното работно време во износ од 80.134 денари и бонус плата за 2023 година во износ од 36.614 денари или вкупна противправна имотна корист во износ од 116.748 денари на штета на буџетот на МВР, се вели во информацијата до јавноста.
Comments are closed.