(ВИДЕО) Вооружени напаѓачи филмски ограбија златарница во Гостивар – На патот кон Стража пронајден запалениот џип на ограбувачите
Полицијата вчера попладне добила дојава дека четири маскирани лица вооружени со автоматски пушки извршиле разбојништво во златарница близу „Мал пазар“ во Гостивар.
Според досегашните сознанија на полицијата, по извршениот грабеж осомничените кои засега не се иденификувани побегнале со автомобил марка „бмв“ без регистарски таблички.
Веднаш е постапено по повикот и се преземени мерки за да се утврди што се случило и се трага по сторителите, се вели во соопштението на МВР.
Вчеравечер е пронајден џипот со кој избегале ограбувачите на златарата во Гостивар. Возилото е пронајдено во близина на Стража откако претходно возилото било запалено.

Comments are closed.