Меџити: Говорите и пораките од митингот не претставуваат демонстрација на сила, туку знак на слабеење на позициите на ДУИ

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, реагираше на изјава на Али Ахмети.

„Во моментот кога си ги нарекол ‘загари’ сите Албанци кои не мислат како тебе, си ја завршил политичката кариера. Вечерва го стави печатот на делегитимирањето“, напиша Меџити на својот профил на Фејсбук.

Вчера во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, ДУИ одржа митинг, кој веднаш предизвика реакции во јавноста.

Меџити посочи дека говорите и пораките од митингот не претставуваат демонстрација на сила, туку напротив знак на слабеење на позициите на ДУИ.

– Настанот во „Борис Трајковски“ не е само митинг, туку јасен показател за крај на една ера – изјави Меџити.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK