Документи: Како Заев и Шукова ветуваа итно решавање на проблемот со Вардариште
Заев, Шукова и СДС, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на тогашната власт, се посочува во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално, објави Валентин Манасиевски.
Во програмата насловена како „Можеме’’ за парламентарните избори во 2020 година, СДС, Заев и Шукова ветија итна ремидијација на Вардариште.На страна 228, од истоимената програма СДС, Заев и Шукова, ветуваа цитирам „Ќе помогнеме за итна ремидијација на поголем дел од дивите депонии, со приоритет на депонијата во Вардариште како и расчистување и рекултивација на локации со несоодветно отстранет отпад во урбаните и руралните подрачја.’’, а подолу во програмата на истата страна се вели и дека проектот е со финансиско портфолио од 42 милиони евра.
Дали СДС, Заев и Шукова знаат дека имаат ветено повторно доведување во природна состојба на дивата депонија Вардариште и прашуваме зошто овој проект не бил реализиран изминатите 4 години кога беа тие на власт?
Зошто Шукова, како државен секретар и министер во Министерството за животна средина и просторно планирање, не го спровела овој проект за кој како што тие барем велат во програмата имаа обезбедено и финансиски средства?
Comments are closed.