(ВИДЕО) Трамп објави дека е уапсен осомничениот за убиството на Кирк
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот потврди дека е уапсен осомничениот за смртоносното пукање врз конзервативниот активист Чарли Кирк на Универзитетот во Јута.
Триесет иедногодишниот Кирк, коосновач во 2012 година на конзервативното политичко движење Turning Point USA и сојузник на претседателот Трамп последните години, во средата беше застрелан од далечина на универзитетски настан во Орем, во сокјузната држава Јута.
„Мислам дека го имаме“, рече Трамп во интервју за Fox News, додавајќи дека го пријавило лице кое го познавало осомничениот.
Приведениот осомничен за убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк му признал на својот татко, кој им кажал на властите за тоа, јавува CNN, повикувајќи се на извори.
„Приведениот маж му признал на својот татко дека тој е оној што пукал. Неговиот татко им кажал на властите и рекол дека неговиот син засега нема да биде приведен“, се вели во извештајот.
На прашањето дали властите веруваат дека осомничениот дејствувал сам, Трамп одговори потврдно. Сепак, сè уште не е познато дали осомничениот за убиството бил дел од поширока криминална мрежа, додаде тој.
Шефот на Белата куќа изјави дека лицето кое е виновно за убиството на Кирк заслужува смртна казна, која е на сила во сојузнаа држава Јута. Тој, исто така, повика на забрзување на разгледувањето на кривичните случаи во Соединетите Американски Држави.
„Мораме да водиме брзи судења. Сега процесот може да трае седум или осум години, а на крајот почнуваат да бараат изговори – дека погрешно го учеле во училиште или дека владата е виновна. Судењето треба да се одржи следниот ден“, нагласи Трамп.
Comments are closed.