Уапсен педофил кој избегал од Идризово

Кумановската полиција вчеравечер уапсила триесетгодишен жител на градот по кого била распишана потреница за дозидржување на затворска казна.

Според информацијата на МВР, кумановецот С.А. бил осуден на шестгодишна затворска казна за кривично дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил“.

„На 18 август, годинава, во 20:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А. (30) од Куманово. Тој бил осуден на шест години затворска казна за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, а бил баран со потерница за доиздржување на четири години и четири месеци од казната. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната“, се вели во полициската информација.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK