Министерката за финансии му одговори на Филипче со бројки и со факти – По подолг период економијата закрепнува, раст од 3 отсто во првиот квартал еден од највисоките во Европа и регионот
„Наместо да се манипулира со јавно објавени и достапни податоци и показатели за економската состојба, во продолжение неколку факти за „успешните економски“ политики на претходната влада за којашто говореше лидерот на опозицијата“, реагира денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.
Посочува дека просечниот раст на бруто домашниот производ (БДП) во периодот 2017-2023 во Македонија изнесуваше 1,8 отсто, што беше еден од наjниските во Европа и, за жал, најмало споредено со земјите од регионот (БиХ 2,9, Словенија 3,2, Хрватска 3,5, Албанија и Црна Гора 3,5, Србија 3,6 и Косово 3,8 отсто).
„Како Владата се справи со кризата и пандемијата говори и фактот што и тука податоците покажуваат дека повторно земјата имаше најнизок просечен раст од 1,2 отсто споредено со земјите од регионот, што говори за успешноста и ефективноста на мерките“, вели Домитриеска-Кочоска.
Оттаму, продолжува минситерката, дека посочените „две милијарди евра“ за поддршка на граѓаните и фирмите резултираа во зголемување на државниот долг во однос на БДП за повеќе од 10 отстони поени во 2020 споредено со претходната 2019 година, што повторно е најголемо зголемување споредно со земјите од непосредното опкружување, а резултатите од тоа задолжување е најнизок раст.
„Дополнително за тоа како се потрошени парите за мерките и активностите за поддршка за вработувањето погодени од здравствената криза предизвикана од Ковид-19 говори и извештајот на Државниот завод за ревизија.
Постојаната манипулација и извртување на тезите (спинување) не можат да го оспорат фактот дека по подолг период економијата закрепнува три последователни квартали, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот односно 6-ти највисок по објавувањето на податоците за сите земји, податок објавен на Eurostat“, се наведува во реакцијата на министерката.
Димитриеска-Кочоска натаму посочува дека во периодот од јули 2024 година до јуни 2025 година, просечниот раст на нето платата во Македонија изнесува 10,1 отсто. Притоа, прави споредба дека во текот на целото седумгодишно владеење на СДСМ, просечната плата се зголемуваше во просек за 8,2 отсто.
Поразително е за министреката што и ваквиот раст е во најголема мера резултат на драматичниот пораст на цените, којшто беше меѓу највисоките во регионот и Европа. Доколку се исклучи ефектот на растот на цените, просечниот раст на реалната нето плата изнесуваше само 3,5 отсто, и покрај потрошените милијарди евра за справување со кризите и наводно зачувување на животниот стандард, посочува Димитреиска-Кочоска.
„За споредба, во периодот од јули 2024 година до јуни 2025 година, реалниот раст на платите, оној од кој се исклучени ефектите од цените, изнесува 6,4 отсто, односно е речиси 3 процентни поени повисок во споредба со претходната власт. И доколку се гледа синдикалната минимална кошничка, во мај 2024 година просечната плата покривала 68,7 отсто од кошничката, додека во јуни 2025 година нејзината покриеност изнесува 70,3 отсто“, се конкретизира во реакцијата на министерката.
Дмитриеска-Кочоска заклучува дека земјите од ЕУ и регионот, исто така, се соочија со значителни инфлациски притисоци, но повеќето земји успеаја успешно да го амортизираат ударот од ценовниот шок, за разлика од Македонија во периодот на владеење на социјалдемократите..
Comments are closed.