Грција пред еден век издаде буквар на јазик што „не постои“

Нам никогаш не ни недостасувал разум туку лудост , велеше еден од најславните Илинденци Питу Гули во реплика од филмот Републиката во пламен. И навистина нас како Македонци ни недостасува малку лудост во овие времиња кога Бугарија и Грција ни негираат и јазик и нација а оние од СДСМ се им потпишаа во името на добросодедството. Кој не бил посакал таков сосед.

Еве на пример Бугарија тврди дека нашиот македонски јазик не постои а Грција пак вели дека  тоа е некој безимен јазик кој се зборува од Гевгелија нагоре.

Како тогаш во 1925 година токму во Атина е издаден Абецедарот, односно букварот на македонскиот јазик. До сега не се видело да се издава буквар на јазик што не постои и дури 20 години пред Бугарите да тврдат дека Тито набрзинка ни го измислил јазикот во 45-та, а Блаже Конески склопил некои зборови и имиња кои си ги нарекол македонски јазик, прашува авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Претседателката Сиљановска на Мечкин камен професорски тоа го објасни мафтајќи на Мечкин Камен со абеседарот да го видат оние во Софија и Атина. Навистина зошто ниту во Грција ниту во Бугарија не се одбележува стогодишнината од излегувањето на овој абецедар.

Извор: Република

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK