Четири лица загинаа – се откачи кабина од жичарница близу Неапол
Четири лица загинаа кога се откачи кабина од жичница близу Неапол и падна на земја. Италијанските медиуми објавија дека во несреќата на планината Фаито загинале двајца британски и двајца израелски туристи, а уште едно лице е тешко повредено.
Властите кажаа дека кабината била блиску до врвот на планината кога се скинал еден од каблите. Претседателот на регионот Винченцо Де Лука кажа дека сите жртви се туристи.
Де Лука кажа дека поради лошите временски услови спасувачите имале проблеми да пристапат до местото каде што се случила несреќата.
„Веруваме дека се скинал влечен кабел“, изјави градоначалникот на Кастелемаре ди Стабија, каде што е лоцирана три километри долгата жичница, додавајќи дека таа била редовно проверувана.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.