Уапсен 25 годишен возач: Со 2,04 промили алкохол удрил во паркирано возило

Полициски службеници денеска во 02:04 часот во Македонски Брод го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по член 297-А од Кривичниот законик.

-Во 01.30 часот на ул.„Крушевска Република“ во Македонски Брод, со патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Т.(28) од Скопје, при што причинил само материјална штета, а повредени лица нема. По преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.04 промили алкохол во крвта, информира МВР.

По документирање на слуачјот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK