Таткото на Вања: Ако полицијата го бараше исчезнатото возило, сега ќе зборувавме само за убиство на Панче

Денеска со сведочењето на таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, продолжу судењето за убиството на Вања и Панче.

Ѓорчевски кажа дека е пропуст на полицијата фактот што не го барале возилото на Панче, и ако го нашле, во тој случај Вања немало да биде киднапирана и убиена, пренесоа медиумите.

На прашање на обвинителство: Кажавте на еден од долгите состаноци во МВР, тоа значи дека сте имале повеќе состаноци и дека екипите на МВР биле максимално ангажирани со цел да се пронајде Вања, така, тој одгвори:

Ѓорчевски: Точно е дека ги имаше во голем број присутни, меѓутоа ништо конкрено не видовме од нив дека се презема во пронаоѓањето на Вања. Тие не испрашуваа со колку недвижен имот располагаме, кој колку возила има, не им беше својствено дека Зорива превела стан на мое име, и од самиот почеток почувствував дека се сомневаат во мене.

Обвинителство: Кажавте дека се појавил Гоце Трајковски со кого сте воспоставиле контакт преку неговата мајка Кираца Трајковска претходниот ден 27.11.2023 година. Со Гоце не сте се виделе повеќе од 20 години, така?

Ѓорчевски: Да околу 23 години. Од неговото венчавање каде јас му бев кум.

Обвинителство: Кираца Трајковска кажавте дека ви рекла дека Гоце може да ви се стави на располагање, за кого вие велите дека имал многу контакти, многу пријатели во МВР дури и пријатели во Сејфт Сити чие име не го знаете или не сакате да го откриете за да не му наштетите, така ли?

Ѓорчевски: Во моментот кога се појави Гоце воопшто немав поим какви контакти има во полиција и дали располага со пријатели, кои би можеле да ни помогнат, Вклучувајќи го и сејфт сити. Меѓутоа многу набрзо почнав да добивам информации од него и така заклучив она што вие сега го констатиравте. За лицето од Сејфт Сити како и за некои други лица во истрагата која ја водевме јас и Гоце, бевме замолени да не го издаваме идентитетот за да не се изгубат работите.

Обвинителство: Ако МВР во овој период ги обезбедуваат сите видео записи, ги прегледуваат снимките, како вашиот пријател кој работи во Сејфт Сити, не ги известил своите претпоставени, туку прво ве известува вас, а притоа вие велите дека не можете да го откриете името на тоа лице, за да не му наштетите, а се работи за живот за ваше дете?

Ѓорчевски: Ако беа внесени табличките на возилото кое се барало 5 дена, денеска во судница ќе се расправаше само за убиството на велешанецот Панче. Мислам дека е пропуст на полицијата и дека не го барале возилото. Контактот навистина не знам кој е. Тој не смееше да ни оддава тајни и праќа снимки од безбеден град, ни напомена дека така би ги прекршил правилата и би се соочил со казна, меѓутоа ние смеевме нему да му праќаме снимки.

Тој претходно кажа дека уште на почетокот почувствувал дека полицијата се сомневала во него, а за сценариото за киднапирање знаел уште во 7:47 часот.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK