Се запалила плинска боца во Кавадарци, пронајден починат маж
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на град Велес, ја пренесува информацијата од ТППЕ
Кавадарци дека од 09.24 до 10.10 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснале запалена плинска боца во куќа на ул. „Страшо Пинџур“ бр. 37 во Кавадарци, при што на местото на пожарот било пронајдено машко повозрасно лице кое најверојатно се задушило.
Присутни биле и екипи на итна медицинска помош кои констатирале смрт на лицето со возраст од 78 години.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.