Путин прогласи велигденско примирје – За Зеленски тоа е нова манипулација

Шефот на руската држава нареди прекин на сите борбени операции за време на велигденското примирје, пренесува РИА.

Прекинот на огнот ќе трае до полноќ, од недела кон понеделник.

Руските вооружени сили треба да бидат подготвени да одговорат на можни прекршувања и провокации од страна на непријателот, прецизираше рускиот претседател.

Текот на примирјето ќе ја покаже подготвеноста на режимот во Киев за желбата и способноста прашањето да се реши по мирен пат, вели Путин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази скептицизам во врска со едностраниот велигденски прекин на огнот, објавен денеска од рускиот претседател Владимир Путин. Во објава на социјалните мрежи оцени дека станува збор за нова манипулација на Путин, но не открива дали примирјето е прифатливо за Киев.

– Што се однесува до новиот обид на Путин да манипулира со човечките животи – сирените за воздушен напад моментално се огласуваат во многу делови на Украина. Во 17 часот и 15 минути на нашето небо беа откриени руски беспилотни летала. Украинската воздушна одбрана и воздушните сили веќе почнаа да дејствуваат за да не заштитат. Присуството на дронови Шахед во нашиот воздушен простор јасно го открива вистинскиот став на Путин кон Велигден и кон човечките животи, напиша Зеленски на платформата Х.

Зеленски во објавата не дава никави назнаки дали и Украина ќе го прекине огнот за Велигден.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK