Продолжен притворот за Бектеши, постоела опасност од бегство и влијание на сведоци

Продолжен е притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. Адвокатот Еленко Миланов потврдил дека му е одреден нов 30 дневен притвор на истите околности како претходниот.

Миланов најави и жалба на оваа одлука.

Бектеши е во притвор од почетокот на истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по која досега загинаа 61 лице.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK