По налог на Таравари ќе се проверува лекувањето на пациентот кој почина од пукната аорта

Министерот за здравство, Арбен Таравари, им наложил на Државниот санитарен и здравствен инспекторат да извршат увид во документацијата на 59-годишниот Тони Ангеловски, кој со пукната аорта почина чекајќи операција. Од министерството не споделуваат никакви други детали, а откако семејството најави одговорност, додека роднина на сега починатиот раскажа што се случувало изминатите денови додека Ангеловски се борел за живот.

„По налог на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, ДСЗИ ќе изврши увид во медицинската документација во врска со овој случај по што јавноста ќе биде информирана“, велат од Министерството за здравство.

Став најави и директорот на Клиниката за кардиохирургија. До овој момент, не го доставија.

За случајот се дозна откако Ацо Николовски, роднина на пациентот завчера алармираше дека Ангеловски не е опериран оти им кажале дека нема слободни сали, а за „Скопје1“ вели дека пациентот е починат, а денеска бил погребот. Николовски за „Скопје1“ вели „го оставија како згазено куче покрај улица“. Од Министерството за здравство молчат за случајот, а исто и од Клиниката за кардиохирургија. Според Николовски, од Кардиохирургија ги пратиле да видат за операција во приватната клиника „Жан Митрев“ на државен трошок.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK