ОЈО потврди: Избеганиот полицец од Штип утрово се пријавил, сега е пред судија на претходна постапка
Пензиониранио полицаец С.Д. од Штип, за кој вчера се пишуваше дека е недостапен за организте на прогонот утрово се пријавил.
-Утринава се пријави и сега е пред судија на претходна постапка, информираат од ОЈО ГКК.
С.Д. е меѓу 10-те нови полициски службеници, кои од завчера се опфатени со истрагата за пожарот од Кочани. Како што информираа од МВР меѓу седумте службеници, кои требаше да бидат обезбедени од полицијата е и пензиониран началник на полицијата во униформа во Штип, кој не бил најден од своите колеги. Се работи за долгогодишен полицаец, кој целиот свој работен век го помина во СВР Штип, а дел од неговото семејство работи во штипската полиција.
Во соопштението на МВР се соопштува дека се работи за С.Д. , кој во времето на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор за сообраќај во Одделение за полиција во СВР Штип.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.