Нова трагедија: Во тешка сообраќајка загина 19-годишно момче

Момче на 19-годишна возраст од село Миравци, загина утрово околу четири часот кога со автомобил „бмв“, што го управуваше излета од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Миравци и Давидово, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Струмица.

Во соопштението се наведува дека момчето почина на местото на несреќата, а смрт констатираше лекар на Итната медицинска помош.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР – Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител, телото на момчето е дадено на обдукција.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK