Коцевски го побарал предметот за возачот кој смртно ја прегази тетовчанката Теодора Ристевска
Државниот обвинител Љупчо Коцевски го побарал од гостиварското вишо обвинителство предметот против возачот од Тетово Менсур Пајазити, кој смртно ја прегази 22-годишната сограѓанка Теодора Ристовска на пешачки премин, објави „Телма“.
Според објавените пресуди обвинителството не се жалело на првичната триипол годишна казна која ја досудила сега пензионираната судијка Верка Костовска. Потоа вишата обвинителка Вјолца Елмази се премислила па на седницата во апелација во март лани го променила писмениот став и барањето да се одбие жалбата на Пајазити го сменила со предлог да му се изрече поблага кривична санкција. Од обвинителството велат одмерувањето на казната е во надлежност на судот.
Јавно обвинителство: Пред Апелацискиот суд, јавната обвинителка од ВЈО Гостивар на рочиште дала свој предлог во однос на попрецизно одмерување на казната, имајќи ја предвид пред се околноста дека обвинетиот непосредно пред завршување на првостепената постапка признал вина, како и претходната пракса во слични предмети. Меѓутоа, предлогот на обвинителката не е задолжителен за тричлениот совет од судии во Апелацискиот суд. Тој предлог во ниту еден момент не се однесувал на намалување на казната за речиси половина од првостепената пресуда, како што досуди Апелација во својата одлука. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија веќе даде насоки и ќе го прибави предметот од Вишото јавно обвинителство Гостивар за да го разгледа во детали текот на постапката
И додека обвинителството од обвинителството велат дека го чекаат писменото образложение на пресудата за да донесат одлука за евентуална жалба вчерашниот став на судскиот совет укажува на тоа дека гостиварска апелација може да одлучи само во корист на обвинетиот или да ја потврди првостепената пресуда од две години затвор, а не и да ја зголеми.
По увидот кој тие го направија во Судскиот предмет се повикаа на одредбата која предвидува забрана за менување на пресудата на полошо за обвинетиот во ситуација кога само тој поднел жалба. Ова правило според судски важи и кога судењето почнува од почеток.
Судиите Шефајет Хајдари, Даут Рустеми и Емине Мурати од гостиварска апелација првиот пат пресудиле дека три и пол годишната казна е престрога а две годишната казна за Пајазити може да ја исполни целта на казнувањето е две години.
-Овој суд смета дека наведените олеснувачки околности упатуваат на тоа дека во конкретниот случај постојат услови да на обвинетиот му се изрече поблага казна затвор, имајќи го во предвид и држењето на обвинетиот во текот на јавната седница пред овој суд а воедно и предлогот од страна на Вишото јавно обвинителство Гостивар, во конкретниот случај оправдано би можело да се очекува дека и со побалага казна и тоа со казна затвор во траење од 2- две години, во конретниот случај ќе се влијае позитивно како на специјален така и на генерален план спрема обвинетиот во
смисла на член 32 од КЗ, стои во пресудата на Апелациониот суд Гостивар
Врховниот суд ги укина двете пресуди и го врати судењето на почеток . Во понеделникот 2 години затвор досуди тетовскиот судија Ељмедин Ферати. Семејството на Ристовска разочарано и низ солзи побара максимална казна која за ова дело е пропишана до 5 години затвор
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.