Комити со стих од „Тешкото“ и „благодарам“ на јазиците на сите држави кои ни помогнаа по трагедијата

„И зошто ми иде да плачам ко дете, да превијам раце, да прекријам лик…”

Ова е пораката на навивачката група Комити на западната трибина на Градскиот стадион „Тодор Проески” ба вечерашниот хуманитарен пријателски меч меѓу Вардар и Црвена звезда од кој целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во која загинаа 61 лице.

Исто така, со кореографија преку целата трибина беше испишано Кочани и со громогласно скандирање, во 16. минута од натпреварот приотив Црвена звезда, Комитите им оддадоа почит на 61 загинат во трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“.

Истовремено, на трибината беа истакнати банери на кои беше испишано благодарам на јазиците на сите држави коишто ни излегоа во пресрет по големата трагедија и кај себе примија на лекување дел од повредените.

Претходно натпреварот почна со едноминутно молчење.

Целиот приход од влезниците ќе биде наменет како помош за настраданите во трагедијата во Кочани.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK