Кај 17 угостителски објекти со активна лиценца утврдени неправилности, на девет им е одземена лиценцата
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на прес-конференција посочи дека овој рок им е даден затоа што инспекторите од Пазарниот инспекторат утврдиле дека се работи за технички услови кои може да бидат отстранети, а доколку тоа не го сторат тоа, лиценците ќе им бидат одземени.
„Контролите од ДПИ покажале дека може да се отстранат неправилностите и даден им е рок за отстранување“, рече Дурмиши.
Во однос на Законот за угостителска дејност, Дурмиши информираше дека работна група веќе работи на измени на Законот и дека во опција се две можности – контролите да ги прави Пазарниот инспекторат или Комисија која ќе биде формирана од надлежни институции.
Со измените направени во 2008 година, се дозволи сопствениците на угостителски објекти под морална одговорност да потврдат дека ги исполнуваат мининалните технички услови за работа и тие податоци да ги доставуваат до Пазарниот инспекторат.
Измените на Законот беа иницирани по големата трагедија која се случи во Кочани по што се утврди дека дискотеката работела без да ги исполни минималните технички услови.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.