ВИДЕО: Директор на Сименс и неговото семејство загинаа во хеликоптерска несреќа

Градоначалникот на Џерси Сити, Стивен Фулоп изјави дека две деца биле пренесени во болница, но лекарите не успеале да ги спасат.

Шест лица, семејство шпански туристи и пилотот, загинаа при пад на хеликоптер во реката Хадсон кај брегот на Њу Џерси.

Меѓу жртвите, според полициски извори, е и Агустин Ескобар, директор од Сименс, заедно со неговото семејство, сопругата и трите деца.

Како што изјави комесарот на њујоршката полиција Џесика Тиш, повикот до итната помош пристигнал во 15:17 часот.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK