Вандализирана новата детска градинка во Бутел 1 пред да биде отворена
Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, објави дека е демолирана детска градинка која допрва требало да биде пуштена во употреба и ја повика полицијата да ги пронајде вандалите што побргу.„МВР веќе има лоцирано осомничени лица, за многу скоро очекувам остра и брза акција. Одговорност и кривични пријави согласно закон.Направена е голема штета во новата граника во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година“, објави вечерва градоначалникот.Костовски сподели фотографии од штетите и се надева дека зад случајот нема политички мотиви.„Особено е осетливо тоа што станува збор за детска градинка, таму каде што треба да бидат згрижени нашите најмили.Општина Бутел доживува ренесансен период, се гради како никогаш до сега ! Од таму АПЕЛИРАМ, не да уништуваме, туку напротив, да го чуваме тоа што го градиме макотрпно со нашите заеднички пари.





Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.