Александар: Сакав и тој ден Вања да ја однесам на училиште, но Зорица ми велеше да не ги размазуваме децата
Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, на денешното испитување од страна на обвинителката Жаклина Јосифовска објасни што се случува денот пред и за исчезнувањето на неговата ќерка.
Тој објасни дека целата учебната година на Миња наставата во петок и започнувал од вториот час. Но, поради обврски на класната и во понеделник на 27.11 таа почнувала со настава од вториот час.
Само вие од сите обвинети овде знаевте дека тој ден Вања ќе оди сама на училиште, го праша обвинителката.
Јас знаев, а дали знаеа другите не знам,одговори Александар.
Пратил порака до децата добро да се облечат а истата порака и ја пратил на Зорица.
Обвинителката го праша и за пораката што ја пратил до ќерките тој ден да се облечат, како што нагласи како за на скиање а не на училиште.
Личи на мене. Суштината беше дека сакав да се облечат топло бидејќи тој ден беше најавуван како најстуден. Знаејќи ги децата дека нема да ме “фермаат” истата порака и ја препратив на Зорица., Но тие беа веќе тинејџерки и изгледот им беше најважен и си се облекле фенси а не топло. Помислив да ги однесам со кола но Зорица имаше став да престанеме да ги галиме и размазуваме и ако и се јавев да понудам знаев каков ќе биде одговорност. Затоа и не понудив да ги однесам на училиште.
Моментот кога Зорица му јавила дека Вања ја нема
Како тоа кога Зорица ви се јавила дека Вања ја нема сте се спремиле брзо а важите за човек кој секогаш поспан човек кој постојано доцни, го праша обвинителката?
Не знам од каде ви е тоа. Можеби некогаш од премногу обврски со децата доцнев поради менување пелени или пак да ја исклучам ринглата. Откако и Зорица се приклучи кон грижата за децата секаде стигнувам навреме. Тоа утро бев премногу избезумен што и гол да се симнам немаше да биде невообичаено. Тоа утро бев во кревет кога Зорица ми се јави да ми каже дека класната ја известила дека Вања ја нема. Додека зборував на спикер фон се облекував и излегов, објасни Ѓорчевски.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.