Хамас предаде четири ковчези со тела, меѓу нив и телото на најмалиот заложник, неговиот брат и мајка му

Хамас штотуку му предаде на Црвениот крст четири ковчези со тела на заложници, јавуваат светските медиуми.

Меѓу нив се и телата на најмладиот киднапиран заложник, неговата мајка и брат. Хамас рече дека меѓу телата има членови на семејството Бибас – мајката Шири и нејзините деца Кфир и Ариел, кои имале девет месеци и четири години кога биле киднапирани.

Хамас вели дека четвртото тело е на Одед Лифшиц (84), ветеран и мировен активист.

Малиот Кфир беше киднапиран на 7 октомври од Кибуц Нир Оз заедно со неговиот татко Јарден (34), мајката Шири (32) и братот Ариел (4). Кфир имал само 9 месеци кога бил заробен.

Хамас тврди дека тројцата членови на семејството Бибас биле убиени во израелски напад во ноември 2023 година – Израел не го потврди ова и вели дека ќе го потврди нивниот идентитет само по форензичките тестови. Според Хамас четвртото тело припаѓа на 84 годишниот Одед Лифшиц, ветеран за мир и активист.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.