Тодор Кулаков: „Антисистемот создава вакви родители кои пак создаваат убиец“
Таткото на Фросина, Тодор Кулаков преку социјалните мрежи реагираше на вчерашната прес конференција на која за првпат во јавноста се појавија родителите на Васил Јованов.
Родителите на Јованов се појавија заедно со адвокатот на нивниот син, Сашо Дуковски и меѓудругото изразија сочувство на семејството на Кулакова.
-Никогаш немаат вистински каење, а кои и после 9 дена не изразија сочуство… Ниту не исконтактираа… Ама затоа веднаш подметнуваат телефон во “Шутка”, за да се договараат како да го прикриваат делото – “Убиство” на син им ! Подеднакво исто како што и претходните случаи со судијката ги прикривале, што ги прави соученици со кривична одговорност! Значи нема нити каење, ни станува збор за сочувство…, напиша тој меѓудругото на Фејсбук.
Од Основното јавно обвинителство Скопје информираа дека постапката која се води за Јованов е проширена и за неговите родители.
Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.