Тешка кражба во стан во Скопје: Обвинителството откри детали
Јавниот ообвнител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека постои опасност од бегство.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешка кражба од член 236 став 1 и Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 став 3 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 24 февруари, заедно со друго лице кое се уште не е идентификувано, со провалување во затворени простории одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.
Откако претходно осомничениот направил лажни клучеви за отворање врати, заедно со соизвршителот насилно делувале на бравата од влезната врата на стан на улицата „Даме Груев”. Штом отклучиле, влегле во станот, извршиле претурање и пребарување и одзеле 250 евра во разни апоени, како едно сребрено ташниче -несесер со накит, па го напуштиле местото на настанот.
Јавниот ообвнител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека постои опасност од бегство.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.