Од рубриката „ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ“: СДСМ ќе поднесе законски решенија за спас на животниот стандард на граѓаните!

Во стилот на волшебникот Тарара кој е 5 минути добар, а пет минути лош, така и СДСМ кога се на власт го опустошуваат стандардот, а кога се во опозиција го спасуваат.

Партијата која седум години го девастираше животниот стандард и чии функционери како да не виделе крадеа од истите тие граѓани, сега ќе го спасува животниот стандард кој самите го урнисаа. Во стилот на волшебникот Тарара кој е 5 минути добар, а пет минути лош, така и СДСМ кога се на власт го опустошуваат стандардот, а кога се во опозиција го спасуваат.

Во тој препознатлив манир, веста од рубриката „Верувале или не“ силно одекна во Македонија: Опозициската СДСМ најави дека денеска до Собранието ќе поднесе низа законски решенија како дек од мерките за кои велат ќе помогнат во спас на економијата и животниот стандард на граѓаните!

Од партијата велат дека покрај животниот стандард, пад бележат и останатите економски параметри, индустриското производство, извозот а странските инвестиции веќе се повлекуваат од земјава?! Додаваат дека досегашните политики на кошнички не дадоа резултат, а власта не можела да се справи со растечката скапотија и сирoмаштија.

Проблем е што животниот стандард ќе ни го спасува Филипче, кој беше дел од 7-годишната девастација на Македонија, а неговата потпретседатетелка Фани Сорос во исто време додека сегашниот претседател на СДСМ беше инволвиран во аферите со вакцините, модуларната болница,  онкологија и дузина други морбидни скандали, таа си земаше три илјади евра плата од Фондацијата на Сорос. Не’ спасуваат во време, кога првиот лидер на Филипче Заев гради стокатници во Дубаи, а вториот му шеф Ковачевски е осомничен дека правел рушвет со Груби.

СДСМ најави 7 мерки, пакет решенија кои вклучуваат: намалување на ДДВ за струја од 18% на 5%, укинување на ДДВ за храна на 0%, замрзнување на цените на основните производи, фиксирање на маржите, зголемување на платите во приватниот сектор и спроведување на законот за нефер трговски практики.

Граѓаните, кои се бескрајно благодарни што се спасени со животниот им стандард од СДСМ, се шегуваат по социјалните мрежи дека имаат голема среќа што истите никогаш нема повторно да дојдат на власт, за да пак го девастираат истиот тој животен стандард…

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.