Мицкоски: Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет
Премиерот Христијан Мицкоски беше гостин на Атлантскиот совет, каде разговараа за иднината на трансатлантските односи во Западен Балкан.
Центарот за Европа на Атлантскиот совет беше домаќин на Мицкоски. Во интервјуто тој зборуваше за односите со Грција, со Бугарија и нашето членство во ЕУ. Тој ја нагласи улогата на коридорите коишто поминуваат низ Македонија и какво е нивното значење за НАТО, како и за гасоводот Александропулис. Мицкоски се осврна на американските инвестиции во Македонија.
На разговорот во Атлантскиот совет истакна дека и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет.
Посебен акцент ставив на улогата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур како гарант на човековите права и владеењето на правото, нагласувајќи дека нашата држава ги почитува сите негови пресуди.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.