Полициски службеници пронашле 31 дете во една куќа на подрачјето на дистрикт Брчко, БиХ, меѓу кои и помладо од една година. Уапсени се три лица под сомнение за трговија со луѓе.
Како што пренесува порталот кликс.ба, пронајдените деца се со хрватски пасоши и згрижени се на безбедно место. Акцијата е изведена по налог на обвинителството и во соработка со Службата за социјална заштита и Црвениот крст.
„Во рамки на досегашните активности, уапсени се три лица поради основано сомнение дека сториле кривични дела трговија со луѓе, трговија со деца и запуштање или злоставување на дете. Истрагата за наведениот случај е во тек“, се вели во соопштението на полицијата.
Децата ги чувала жена, веројатно државјанка на Италија. Покрај неа, уапсен е и државјанин на БиХ и негов син.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.