ВИДЕО: 17 годишен малолетник фатен со 200 кесички марихуана во Аеродром
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по чл.215 од КЗ и во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
На 27.02.2025 околу 23 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени околу 200 полиетиленски кесички со марихуана, информира МВР.
Известен бил јавен обвинител за малолетници, по чија насока малолетникот бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по чл.215 од КЗ и во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.