Трагедија во Кисела Вода: 17-годишник доживеал струен удар додека снимал ТикТок врз цистерна – вагонот се запалил

17-годишник попладнево доживеал струен удар додека бил качен на цистерна вагон во скопска Кисела Вода.

Од МВР велат дека по инцидентот вагонот се запалил, а момчето кое било од Волково, било пренесено во Ургентниот центар.

Не се познати причините за несреќата. Слични инциденти со тинејџери качени на вагони имаше и во минатото, а дел завршија и со фатални последици, откако наводно на вагоните снимале ТикТок видеа.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.