Судството ќе се исчисти од судиите кои работат под влијание, најави новиот претседател на Судски совет
Судијата Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет.
Денеска Советот на 510-тата седница со 13 гласа го избра Камбовски, кој доаѓа од Апелација Битола а беше избран за член на Советот во јуни минатата година.
„Бидете уверени дека институцијата ќе се води со интегритет, непристрасност и максимални напори за заштита на судската независност. Ова е куќа на судиите, ги охрабруваме да работат согласно законите и да не потпаѓаат под никакви влијанија“, изјави Камбовски по изборот.
Судиите кои не работат според законите според него ќе бидат отстранети од судскиот систем.
„Крајно време е да се стави крај и секој судија кој не работи според законите, туку според негови лични интереси и потпаднал под влијание, дека местото нема да му биде во судскиот систем“, потенцира Камбовски.
„Уште еднаш сакам да ви се заблагодарам на укажаната доверба и искрено се надевам дека заеднички сите ќе ги посигнеме највисоките стандарди на професионализам највисоките стандарди на непристрасност, на зајакнување на темелите на правото, владеењето на правото, не се сомневам во тоа дека ќе успееме доколку сите работиме заедно и имаме иста цел и не води иста мисија, а тоа е да имаме здраво, транспарентно и независно судство кое што е потребно и на граѓаните и на нашата држава“, изјави новоизбраниот претседател.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.