СЕМЕЈНА ТРАГЕДИЈА ВО ТЕТОВО – Татко усмрти син со ловечка пушка

Вечерва, семејна трагедија го потресе Тетово. Според првичните неофицијални информациите татко со ловечка пушка си го убил синот, јавува дописникот на ТВ21 од Тетово.

Десетина минути пред 19 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н. (39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бесознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово.

На местото на настанот веднаш пристигнала полицијата која го пронашла оружјето со кое е извршено убиството.

Како што дознава ТВ21, сомнежите се појавиле откако жртвата два дена не излегла од дома и не одговарал на телефонските повици, по што негов другар пријавил во полиција.

Поради нарушена здравствена состојба таткото е пренесен во болница.

Според нив, се работи за македонско семејство кое живеело во населбата Блок 70.

Според првите информации, сомневањата се дека таткото со ловечка пушка го убил синот, а на инцидентот му претходела вербална пресметка.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.