По акцијата во која е уапсен Штекли, МВР ќе поднесе кривични пријави за 14 лица
По апсењето на Раде Трајковски Штекли полицијата потврди – разбиена е 14 члена криминална група од Скопје, која се занимавала со трговија со дрога..
По апсењето на Раде Трајковски Штекли полицијата потврди – разбиена е 14 члена криминална група од Скопје, која се занимавала со трговија со дрога..
Во големата полициска акција во Гевгели и Скопје разбиена е нарко групата предводена од Раде Трајковски-Штекли кој вчера беше лишен од слобода при обид за бегство во близина на хотел во околината на Гевгелија. Обвинителство дало наредби за претреси на 21 локации во Скопје при што е упасена 14 члената група. При претресите пронајдени и одземени се бројни предмети поврзани со нелегална продажба на дрога и наркотични супстнии соптшија од јавното обвинителство и мвр.. Криминалната група подолг период вршела кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога. Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група преку нејзините припадници вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците сооптија од мвр.
-При реализацијата, постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија на претходна постапка, извршени се претреси кај 16 лица, на вкупно 21 локациja на подрачје на Скопје и Гевгелија. При претресите пронајдени и одземени се поголем број предмети за кои ќе биде извршено форензичко вештачење. Меѓу пронајдените и одземени предмети се и повеќе поголеми и помали пакувања со прашкаста материја.
Во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против 14 лица до надлежното Јавно обвинителство, а истите ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка сооптшија од МВР.
Долго временски период се водела предистрага од страна на обвинителот, во која се собрани информации за начинот на делување на групата.
Штекли е познат во јавноста по тоа што преживеа два обида за негово убиство кога во него беше пукано во Ист Гејт како и во дворот на неговата куќа во Керамидница каде беше фрлена бомба.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.