ПОЧИВАЈ ВО МИР ФРОСИНА: Македонија завиена во црно – масовен протест по несреќата во која загина девојчето

Голем број на граѓани се собраа денес на местото на несреќата. Тага, болка, но и гнев се собрани во граѓаните.

22-годишната Фросина Кулакова загина откако беше прегазена на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Возел 20-годишник под дејство на алкохол, кој без возачка дозвола управувал со возилото со 130 километри на час и поминал на црвено.

Македонија е завиена во црно. Сите тагуваат по ова убаво и талентирано девојче, пред кое беше цел живот. За жал, сега се збогуваме со неа.

Голем број на граѓани се собраа денес на местото на несреќата. Тага, болка, но и гнев се собрани во граѓаните.

Граѓани од сите возрасти денес дојдоа на мирен протест кај „Силбо“ на „Партизанска“.

Настанот беше организиран на социјални мрежи од граѓани, кои сакаат да ѝ оддадат чест на Фросина, да упатат пораки со поддршка до нејзиното семејство.

-Со огромна болка и револт да се собереме на мирен собир во чест на нашата Фросина, која беше свирепо прегазена на улица. Живееме во општество каде што возењето под дејство на алкохол е целосно нормализирано. Време е да кажеме „ДОСТА Е“ – пишуваше во повикот од граѓаните.


Извор: Курир

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.