Младо момче пронајдено починато во кавадаречко

Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР – Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Момче на возраст од 24 години синоќа било пронајдено починато во када во куќа во кавадаречкото село Марена, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Во 19:05 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во кадата во купатило во куќа каде престојувал во село Марена, пронајден бил починат 24-годишниот Д.Н. од селото Бегниште. Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство, појаснуваат од СВР – Велес.

Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР – Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.