Коце Трајановски: Ми се смееја кога ветив Крива Паланка-Страцин ќе биде готов до крај на 2024, извинете за доцнењето од три дена
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, денеска на отворањето на патот Страцин – Крива Паланка се извини за доцнењето од три дена за отворањето.
„Поставив цел до крајот на 2024 година да биде завршен овој пат. Многумина не веруваа, многумина дури и се смееја, но еве го завршивме, го задоцнивме само три дена. Затоа ќе извините за задоцнувањето од три дена“, рече директорот Трајановски
Експресниот пат го претстави како прв капитален проект на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата завршен за само шест месеци.
Трајановски се заблагодари на работниците кои работеа и дење и ноќе и во лето и во зимо, на дожд и на снег и ги нарече херои.
„Благодарам на сите кои учествуваа во изградбата на овој пат почнувајќи од Ставрески, Пешевски, Стојанов кој во 2015 година го потпиша договорот за заем со Светската банка во вредност од 93 милиони евра. Овој пат бил почнат во мај 2018 година и за жал по шест години, не беше завршен. Во јули 2024 година, кога бев избран за директор на ЈПДП, на првата делница во должина од 15 километри верувајте немаше ставено ниту еден квадратен сантиметар асфалт, а гледам денеска се фалат дека останале само финалните работи. Меѓутоа работата ја гледаат граѓаните, гледаат со кој интензитет се работеше во последниве шест месеци“, рече директорот Трајановски.
Кога го наследил проектот работите вели дека биле крајно забавени, имало слаба организација, слаба координација што довело до слаби резултати, но успеале да се организираат, првпат во земјава на овој пат асфалтирале во зимски услови со специјални методи и шест месеци успеале да го завршат.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.