Косовски државјанин е обидел да прошверцува 48.000 пара чорапи преку Блаце
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против фирма од Косово и нејзиниот управител за кривично дело – Криумчарење од член 278 од Кривичниот законик.
На 16 јануари, обвинетиот косовски државјанин се обидел да избегне царинска контрола, така што во камионот со косовски регистарски ознаки кој пренесувал стока за правното лице преку граничниот премин Блаце биле ставени вкупно 48.000 пара чорапи кои не биле наведени во фактурите и во царинската декларација. Царинските службеници при проверка ја пронашле и ја одзеле недекларираната стока во вкупна вредност од 365.280 денари.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.