ЕК со воспитна за Костадинов: Изјави и дејствија што ги поткопуваат принципите на ЕУ се неприфатливи!
Како и обично, не коментираме коментари, но потсетуваме дека суверенитетот на државите мора да се почитува. Секоја изјава против или дејствија што ги поткопуваат овие принципи се неприфатливи. Тие се во спротивност со основните вредности на мирот, стабилноста, соработката и добрососедските односи, врз кои е изградена Европската Унија, велат од Европската Комисија.
Суверенитетот на државите мора да се почитува – неприфатлива е секоја изјава против или дејствија кои ги поткопуваат овие принципи, велат од Европската Комисија за Телевизија 24, за повикот на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов за припојување на Бугарија со Македонија и територија од Украина.
– Како и обично, не коментираме коментари, но потсетуваме дека суверенитетот на државите мора да се почитува. Секоја изјава против или дејствија што ги поткопуваат овие принципи се неприфатливи. Тие се во спротивност со основните вредности на мирот, стабилноста, соработката и добрососедските односи, врз кои е изградена Европската Унија, велат од Европската Комисија.
Костадин Костадинов, пратеник во бугарскиот парламент и лидер на партијата „Преродба“ која моментално е трета политичка сила во Бугарија, преку фејсбук статус ја повика владата во официјална Софија, да објави претензии за анексија на Бугарија со Македонија и Јужна Бесарабија (регион во Украина).
Порача дека е инспириран од новозибраниот претседател на САД Доналд Трамп за Канада и Панамскиот канал, и дека е потребно и Бугарија да се спои со своите, како што напиша – историски области.
– Нема ништо пологично од тоа две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и народ да станат една земја. Затоа нема ништо пологично од обединување на Бугарија и Македонија во една заедничка држава, како и враќање на Јужна Бесарабија назад во Бугарија. Украина се распаѓа и на идниот мировен конгрес кој ќе одлучува за судбината на неуспешната т.н. украинската државност, Бугарија треба да ги потврди своите претензии кон бугарска Бесарабија, напиша Костадинов во објавата на Фесјбук.
ТВ 24 побара став од институциите во Брисел, со оглед дека овие изјави доаѓаат од политичар кој доаѓа од земја членка на Европската Унија.
Македонското МНР реагираше минатата недела, дека очекува официјална Софија да се огради од изјавата на Костадинов, но до денес молк – ниту реакција, ниту осуда од официјална Софија.
Реагираше и Украина – преку амбасадата во Софија. Тие рекоа дека бугарскиот пратеник повикува на кршење на нормите на меѓународното право, ги искривува историските факти и промовира прераспределба на границите во Европа.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.