Граѓаните кои бараат правда за Фросина дојдоа пред Собранието, Обвинителството и Кривичниот суд

Граѓаните кои денеска излегоа на мирен протест на скопскиот булевар „Партизански одреди“ кај пекарницата „Силбо“, се упатија кон Собранието, а потоа и пред Обвинителлството и Кривичниот суд, барајќи правда за смртта на 22-годишната Фросина од Неготино, која смртно беше прегазена од 20-годишниот В.Ј. додека поминувала на пешачки премин на зелено.

В.Ј. возел над 120 километри на час и поминал со возилото на црвено и смртно ја прегази вечерта на 29 јануари.

„Сакаме правда “ извикуваа стотици демонстранти пред македонското Собрание.

Со транспаренти „Ова не е несреќа туку убиство“, стотици демонстранти од булеварот „Партизански одреди“ протестот го продолжија пред Собранието и најавија дека ќе го продолжат кон Обвинителството и Кривичниот суд.

Судот денеска му одреди 30 дневен притвор на 20 – годишното момче.

Според официјалните информации, автомобилот со кој ја прегази девојката бил „пежо 207“, сопственост на неговиот татко. Момчето немало возачка дозвола, а лабораториските анализи покажаа и дека имал 0,82 промили алкохол во урината.

Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента“, гласеше официјалната информација од Обвинителството.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.