Во Скопје, Тетово, Битола, Кичево, Струмица… денеска се излегува само со маска
Не само во Струмица, туку и во Скопје, Тетово, Битола, Кичево… воздухот е многу загаден. Натпросечни концентрации на ПМ 2,5 честичките во воздухот има и другите градови во Македонија. И во 2025 година аерозагадувањето останува еден од сериозните проблеми за решавање за секоја власт.
Во Битола, според податоците на Министерството за животна средина во 17 часот во Битола се измерени 237 мигрограми на метар кубен воздух на ПМ 2,5 честички, 200 микрограми се измерени во Струмица, 206 во Тетово, 170 во Кичево…
Во Скопје денеска најзагадено е во Лисиче (210 микрограми на метар кубен ПМ 2,5 честички, во Гази Баба 154, во Центар 130…). Максимално дозволената концентрација е 50 мг на ПМ 2,5 честички.
Скопје и денеска беше дел од ранг-листата на најзагадени градови во Европ со квалификација „нездрав“ и „многу нездрав“ воздух за дишење во некои општини.
Министерството за животна средина денеска соопшти дека аерозагадувањето е надминато на мерното место Струмица.
Скопје денеска беше на деветто место на најзагадени градови во светот според последните податоци на платформата за мерење на квалитетот на воздухот Ај-Кју-Ер.
Продолженото изложување на загаден воздух може да доведе до астма, хроничен бронхитис и други респираторни заболувања, а микроскопските честички и токсични гасови можат да го оштетат белите дробови.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.