Во Косово затворени сите институции поврзани со Србија

Денеска се затворени „паралелните општини на Србија“ во Липјан, Обилиќ, Приштина, Косово Поле, Вучитрн, Ново Брдо, Каменица, Витина, Ораховац, Скандерај, како и илегалната пошта и даночната канцеларија.

„Со заедничка акција на МПБ и ПК, како и МИНТ и МАПЛ, се завршува ерата на српските општини и паралелните криминални институции во Република Косово, напиша Свечља на Фејсбук.

– Како што ветивме, нема да дозволиме никаква паралелна, а особено криминална активност на Србија што би го загрозила Уставот и правниот поредок во нашата земја, додаде тој.

Во градовите и населените места каде што живее српската заедница на Косово, делуваа општини, компании, градинки, основни и средни училишта и јавни универзитети, кои беа директно финансирани од српската Влада, а кои според косовските закони беа третирани како незаконски.

Наведените институции во изминатиот период постепено беа затворани, а косовската Влада во неколку наврати потенцираше дека со укинувањето на „паралелните српски институции“ настојува да воспостави ред и закон, особено на северот на Косово, каде што Србите се мнозинско население.

Извор: МИА

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.