Антикорупциска отвори случај за Скендер Асани
Вицепремиерот, Арбен Фетаи, соопшти дека е отворен предмет против директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје, Скендер Асани, од страна на Државна комисија за спречување на корупцијата, по извештаите во медиумите за финансиски злоупотреби и непотизам, во институцијата што ја води, пишува весникот „Лајм“.
Фетаи ги повика надлежните институции да ги истражат сите овие сомнежи покренати во медиумите.
За жал, пред празниците ги читавме извештаите во медиумите. Јас лично со загриженост ги следев пријавите, има сомнежи за големи финансиски злоупотреби, судир на интереси, непотизам и некои други сомнежи, поради кои Државна комисија за спречување на корупцијата отвори предмет против директорот на институтот, рече вицепремиерот Арбен Фетаи, меѓу другото.
Асани, во институцијата со која раководи десет години, усепал да врабоува четворица членови од блиското семејство. Асани не негира дека вработил четворица членови од блиското семејство, туку објаснува дека не сите од нив имаат основано редовен работен однос. Тој убедува дека сите вработувања биле направени во согласност со законите и со годишната програма за вработувања со цел Институтот да може успешно да ја остварува неговата дејност.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.